Македонската поп-пејачка Наташа Малинкова деновиве одмора во Грција. Таа на својот инстаграм-профил објави слика во бикини и се пофали со потемнетиот тен. „Лето, сонце, море, опуштање“, напиша Наташа на сликата. Во Грција останува уште денес, а потоа се враќа во земјава каде што ќе продолжи со бројните настапи во кафулињата и дискотеките.
„Бев само шест дена овде. Имам настапи, па не можам подолго да останам. Следната недела ќе терам уште еден одмор, а претходно ми следува работа со одмор во Охрид“, рече таа за „Репортер“.
Наташа додаде дека во Грција е со семејството и дека летувале во близина на Олимпик бич, ама дека ги посетиле и околните градови.
„Сакавме секој ден да одиме на друга плажа за децата да видат нешто различно,“ ни откри таа.
Деновиве Малинкова го објави и новиот сингл „Еуфорија“ кој е соработка со нејзината долгогодишна пријателка Александра Јанева. Двете пејачки по промоцијата рекоа дека песната За композицијата, Малинкова и Јанева сметаат дека е нов летен хит.
(А.Ј)