(Фото) Родителите на Џамбазов на денот на свадбата

Актерот Игор Џамбазов на Инстаграм сподели фотографија од свадбата на негоите родители диригентот Александар Џамбазов и неговата мајка Анче Џамбазова.

„Мама и тато на свадбата“, напиша Џамбазов, а од неговите обожаватели доби пофалби дека многу личел на неговиот татко Александар Џамбазов.

„Плукнат на тато, легенди и двајцата“, „Ех такви беа тие времиња, луѓето беа природни и неизвештачени“, беа некои од коментарите на фановите.

Глумецот и шоумен во последниот период постојано е активен на социјалните мрежи, споделувајќи видеа и коментари за секојдневните случувања и настани. Неодамна се најде и во главната улога во играно-документарниот филм „Ти си Алеф“, филм во кој се раскажува приказната за неуморниот патник Алеф (Џамбазов) кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината и љубовта, во потрага по духовното обновување.

Игор Џамбазов тргна по патот на Алеф

Scroll to Top