Пејачката Марија Груевска, која стана позната по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, објави на „Фејсбук“ дека се свршила со својот дечко Синиша, со кој е во долга врска.
„Реков да“, напиша таа во објавата.
За потсетување, Марија го освои жирито на „Ѕвездите на Гранд“ со својот уникатен избор на облекување. Еден од нив беше настапот со змија, а подоцна се појави и во костим со маски кога добила идеја од венецискиот карневал.
Во едно од своите интервјуа таа изјави дека татко ѝ ги осмисил нејзините сценски избори на облека.