(Фото) Стефан и Мартин првпат на детска емисија

Стефан Филиповски од „Некст тајм“ неодамна објави фотографија на која направи споредба како изгледале како деца тој и брат му Мартин, а како изгледаат денес. Фотографијата е од детска емисија во која гостувале браќата.

Фотографијата Стефан ја објави на својот инстаграм-профил и напиша: „Времето лета“. Под фотографијата доби неколку коментари дека од слатки дечиња станале врвни музичари, но и дека уште од деца биле вистински телевизиски икони.

Стефан и Мартин најавуваат нова песна и спот наскоро. Последното од нив е „Слушам кај шумат шумите“.

Стефан Филиповски

 

 

Scroll to Top