(Фото) Татјана како Пинк: згодна и розова

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска пак го смени имиџот. Таа се пофали дека има розова коса, исто како светската ѕвезда Пинк. Новата боја им се допадна на фановите на Тања, па тие ја пофалија за храброста да експериментира со бојата. „Ај што си згодна, ама и храбра, јас цел живот терам класика“, стои во коментарите.

Пејачката периодов одржа неколку онлајн-концерти, а од неодамна ги почна и настапите во Австралија. Таа неодамна со семејството го прослави роденденот на својот помал син Стефан.

(Фото) Синот на Тања и Новица славеше роденден : Забава во новата куќа

Scroll to Top