(Фото) Училишниот двор беше претесен за гостите кои дојдоа да го слушнат Симон Трпчески на концертот во Секирник од каде потекнува неговата мајка

Македонскиот и светски пијанист, Симон Трпчески одржа концерт во местото Секирник, во Општина Босилово струмичко од каде потекнува неговата мајка Нетка.

И стари и млади се собраа во претесниот двор на училиштето „Кирил и Методиј“ и околу два часа уживаа во звуците кои изобилуваа со македонски и етно елементи на традиционалната музика.

„Единствено, неповторливо, уникатно. Светско, а наше. Вакво нешто ретко се доживува во нашата општина“, рече градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, а Трпчевски по концертот рече дека треба да си ги негуваме своите корени.

Концертот беше дел од манифестацијата Културно лето Босилово 2023 и со истиот Трпчески и „Македонисимо“ ја започнаа балканската турнеја во која се планирани настапи во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Романија.

За потсетување, Трпчевски лани, „Македонисимо“ го престави во родното село на тако му, струшко Збажди, на планината Караорман.

 

Фото: Фејсбук

 

Scroll to Top