Водителката Здравкица Милиќ објави фотографија стара 8 години на која е облечена во фудбалски дрес. Таа ја сподели фотографијата во престрет на Мундијалот.
„Фотографијата е стара, ама ете одлично дојде сега поради Светското првенство во фудбал. Јас секако дека навивам за Србија“, изјави за „Репортер“ Здравкица, која веќе 5 години живее во Србија каде што се омажи за Војислав Милиќ.
Таа ни откри дека деновиве е во Скопје, но наскоро со сопругот и ќерката Маша, која има четири и пол години, ќе одат фамилијарно во Германија.