Младата фудбалерка Ели Јаковска, која минатата сезона ги бранеше боите на ЖФК „Истатов“ и беше најдобар стрелец на македонскиот женски фудбалски шампион, денеска (12 септември) го стави својот потпис на договорот со ЖФК „Бешикташ“ од Истанбул.
Со ова 22-годишната фудбалерка започнува ново поглавје во својата професионална кариера.
„Време е за нов предизвик“, напиша таа под фотографиите што ги објави по потпишувањето на договорот.