Една година откако склучија граѓански брак, ракометарот Филип Талески и неговата сопруга Ена вчера направија свадба. Тој во црн елегантен костум, Ена во едноставна венчаница што ја следи линијата на телото, со прерамки од тантела. На веселбата што се одржа во Етно село Тимчевски, присуствуваа нивните најблиски семејства и пријатели, а гостинка на свадбата беше и нивната ќерка Софија, која се роди пред шест месеци. На свадбата пееја „Енерџи бенд“ и Ѓоко Јовиќ.
23-годишниот ракометар на „Рејн Некар Левен“ и Ена се венчаа лани во Крушево на 24 јуни, неколку месеци откако се запознаа во Германија. Пред да се пресели во Германија, Филип беше член на „Металург“. Тој веќе неколку години игра и за македонската репрезентација.
Фото: Инстаграм/Фејсбук