Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам, е на одмор во Грција со семејството.
Папараците успеале да ги фотографираат додека пливаат во морето, но и кога ја напуштиле плажата.
Бекам е во Грција со синовите Бруклин, Ромео и Круз и со ќерката Харпер.
Викторија Бекам во неделата објави фотографија на „Инстаграм“ од одморот, на која позираат Дејвид и момчињата.
„Моите момчиња се повторно заедно“, напиша дизајнерката покрај фотографијата.