(Галерија) Претседателот и естрадните ѕвезди на љубовна романтика со Ерос

Вечерва на концерот на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти во Скопје беа повеќето познати пејачи од домашната естрада.

Во публиката беше претседателот Стево Пендаровски кој уживаше во љубовните песни на Ерос заедно со неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска.

Во публиката го видовме и гитаристот Влатко Стефановски, поп ѕвездата Каролина, Влатко и Силви. Ерос вечерва има одличен концерт во Скопје.

Подготви: Репортер.мк

Фото: Д. Перковски

(Галерија) Вечната романтика на Ерос вечерва донесе многу љубов во Скопје – Незаборавен концертот на италијанскиот шармер

 

Scroll to Top