(Галерија) Ракометарот Тоше Ончев стана модел

Поранешниот ракометар на „Вардар“, велешанецот Тоше Ончев, стана заштитно лице на бутикот Revolution од Скопје. Ракометарот сними фотосесија за најновата колекција на бутикот. Фотографиите се сликани во неговиот роден град Велес.

Младиот ракометар пред околу година и половина потпиша договор со ракометниот клуб „Верноулет“ од Париз.

„Како спортист немам искуство како модел, но сакав да пробам нешто ново“, вели тој. „За моја среќа, добив многу пофалби од пријателите“.

Тој додава дека ракометот и понатаму му е на прво место, но дека во иднина не би одбил нов моден ангажман.

Scroll to Top