Алпинистката Илина Арсова деновиве ги минува во Еквадор, каде заедно со експедиција ќе го искачува еден од највисоките активни вулкани во светот Котопакси. Вулканот се наоѓа на височина од 5911 метри, а врвот постојано е покриен со мраз.
„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, рече Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.
За потсетување, Илина е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.
Во 2006-тата година го искачила Монблан, а во 2013-тата година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест.