Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ ќе стане татко по четврти пат. Тој се пофали дека чека уште еден син. Веста ја откри на забава на која го кажа полот на бебето откако го пукнаа балонот за откривање пол на бебето. Пејачот и неговата сопруга веќе се родители на Теодора, Михаил и Јоан.
Претходно, поради пандемијата тој се пожали дека немаат ниту настапи ниту свирки, а музичарите бараат чаре и нова работа. Па така, фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ реши да го остави пеењето за да чува овци. Неговата сопруга Ивана објави видео на кое Ѓоко тера стадо овци.
„Ѓоко си најде работа. Бизнисот му оди од рака, за сè го бидува“, напиша таа на видеото на кое се слуша Ѓоко како вика: „Ајде тазе млеко, тазе сирење, ајдееее“.
Парите од албумите кои ги носеа лично на врата ДНК ги донираа за Тино и Тео кои останаа без татко