Гоце Тодоровски ја одигра последната претстава

Актерот Гоце Тодоровски се пензионираше. Тој вчера ја одигра последната претстава, по што публиката на нозе го испрати со громогласен аплауз. Освен публиката, присутни биле и колегите од Драмски театар.

„Нашиот драг колега, бардот на Драмски театар, Гоце Тодоровски, ја одигра последната претстава за плата. Ти посакувам среќно одење во пензија колега и уште многу улоги понатаму. Доколку те нема на сцената, нашата публика, а и Драмски театар ќе изгубат еден голем раскошен актер“, рекла актерката Душица Стојановска Настовска по претставата.

Гоце Тодоровски е роден во Кичево и веднаш по вработувањето во Драмски театар во Скопје стана еден од најпознатите актери кај нас. Учествуваше во голем број ТВ и сатирични радиоемисии и серии. Глумеше во повеќе филмови, но најзапаметен ќе остане по улогите во Македонски народни приказни, каде ги имаше водечките улоги од 1986 до 2012 година.

Scroll to Top