Пејачи, актери, водители, политичари, бизнисмени. Јавните личности од домашната естрада, но и од сите јавни сфери во државата, вечера беа дел од Суперкупот на „Телеком арената“, на кој Реал Мадрид го победи Манчестер јунајтед со резултат 2:1. Дека се дел од големиот настан се пофалија и на своите фејсбук-профили. Панчо од ДНК, поп-пејачот Влатко Илиевски, актерот Атанас Атанасовски, Влатко Лозановски, водителката Живкица Каленикова, се само дел од познатите за кој дознавме дека го гледале Суперкупот.
Панчо од аренби-дуото ДНК вели дека тоа било вистинска европска фудбалска атмосфера. Натпреварот го гледал со своите пријатели и шестгодишниот син Андреј, кому Роналдо му е идол, па заедно навивале за Реал. „На син ми идол му е Кристијано Роналдо. Неговите воздишки додека го гледавме натпреварот и додека го гледаше својот идол беа бесценети. Јас сѐ уште не можам да ги соберам импресиите зошто и мене уште не ми изгледаше верно дека двата тима играат во Скопје. А ги гледав како играат пред мене како да го гледам „Вардар“ со некој наш тим“, ни откри Панчо по натпреварот на Суперкупот. „Чувството што го имав ќе ми остане додека сум жив“, вели аренби-пајачот. Тој потенцира и дека е среќен што Суперкупот организациски одлично смислен и изведен. „Едно големо браво до ФФМ на чело со претседателот Илчо Георгиевски и целиот тим. Ова е голем чекор напред и настан кој е најголем од осамостојувањето на земјата“, вели Владимир Блажев – Панчо од ДНК.
Водителката Живкица Каленикова вели не само што навивала за Реал, туку имала и точна прогноза со колку разултат ќе победат.„Очите ми се наполнија со солзи уште на самиот почеток, и заради целата атмосвера и зарди децата од ‘Партение Зоографски’ и заради ипсочитуваната традиција. Зарди полниот светски стадион, а сепак наш“, вели Калникова. (А.Г.)