Ќерката Дуња најголема гордост на Марјан Коцев

Фолк-пејачот Марјан Коцев во едно скорешно интервју рекол дека ќерката Дуња е неговата најголема среќа.

„Дуња е прекрасна, од мене направи подобар човек и секој ден ме радува и прави горд”, рекол тој.

Коцев долги години живее во Скопје. Но, тој признава дека му недостига родниот град Кавадарци па секоја слободна прилика ја користи да отпатува таму. Во едно скорешно интервју тој рече дека таму ги поминал најубавите години во животот.

„Работата ме наведе да живеам во Скопје, животот е таков, денес таму, утре тука и се така во круг. Сепак, Кавадарци е местото во кое сум роден, тоа е моја родна грутка, за тој град ме врзуваат најубавите спомени од детството и младоста и на моменти навистина ми недостасува“.

Scroll to Top