Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, саботниот ден го мина во неколку салони за мебел, каде што разгледуваше што се нуди во овој период. Кожата изгледа му е по мерак, оти Трајановски најмногу време помина токму кај парчињата од кожа.
Тој неодамна за „Макфакс“ изјави дека овие неколку месеци ги минува најмногу со семејството и дека се обидува да надокнади за сите години претходно кога имал премногу обврски заради градоначалничката должност.
Повеќе од 40 години во март во Скопје се одржуваше саемот за мебел, а Коце беше секогаш таму на денот на отворањето. Овојпат, заради урнатите саемски хали, саем за мебел нема да има. Па, затоа и поранешниот градоначалник, наместо да ја види понудата на едно место, мора да оди од салон во салон и да одбере нешто што му се допаѓа.