Краткометражниот игран филм „Амби” во режија и по сценарио на Марија Апчевска влезе во официјална конкуренција на тринаесетиот „Холишорт филм фестивал“ (фестивал за квалификација за Оскар), кој ќе се одржи од 10 до 19 август во Калифорнија.
Фестивалот е еден од најважните фестивали за краток игран филм во САД. Проекциите ќе се одржат во Кинескиот театар, една од најпознатите киносали во светот.
Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Горан Вуќиќ, сценографијата е на Кирил Спасески, костимите ги изработи Раде Василев, кастингот е на Билјана Драгичевиќ-Пројковска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, музиката ја изработија Александар Пејовски и Дарко Спасовски, линиски продуцент е Ѓoрѓи Аврамовски.
Улогите ги толкуваат: Димитрија Марковски, Антонија Белазелкоска и Владимир Тулиев.
Продуцент на филмот е Блаже Дулев (Квазар Филм). Филмот е изработен со финансиска поддршка на Агенцијата за Филм на РМ.