Лоба предлага добра книга

Поп-пејачката Викторија Лоба сака да прочита добра книга, обожава трилери и боса-нова музика. Таа ви препорачува…

Книга

Ја препорачувам „Иднина“ од рускиот писател Сергеј Лазарев, но и сите негови останати книги кои имаат македонски превод. Лазарев е човек со извонредна дарба и моќ на препознавање на психолошките проблеми и на физичките болести. Во неговите книги секој ќе се пронајде и ќе може да проба да ги надмине своите стравови и проблеми.

Филм

Наместо филм ја препорачувам трилер-серијата „Црна листа“. Секоја епизода е повозбудлива од претходната и никогаш не знаеш како ќе заврши. Интригата и играта на интелигентниот Рејмонд Редингтон нема да ве остават рамнодушни.

Музика

Препорака за музика е францускиот бенд „Новел ваг“ кој ни нуди композиции во стил њу вејв, боса нова, лаунџ. Тоа е музика што  изобилува со уникатен звук на ’70-тите и ’80-тите дополнет со нежни и елегантни женски вокали кои ве носат во малку поинаков свет од овој на нашата реалност.

Scroll to Top