Лозано во Турција

Поп-пејачот Влатко Лозаноски е во Турција каде снима нов спот. Тој деновиве интензивно работи на својот трет албум насловен „Десет”, со кој ќе одбележи 10 години од почетокот на својата кариера. Спотот се снимал во Кушадаси, а таму е заедно со долгогодишните соработници и автори на голем дел од неговиот материјал, Лазар и Магдалена Цветкоски. Спотот го режира Даниел Јовески.

Scroll to Top