Љубчо Ѓеоргиев во Хрватска ја негува македонската песна

Пејачот Љубчо Ѓеоргиев, моментално работи и живее во Загреб, Хрватска, но не се откажува од македонската песна и вели дека ќе продолжи да ја негува и во иднина.

– Не живеам повеќе во Македонија, но тоа не значи дека ќе се оттргнам од македонската музика и дека не ја негувам македонската песна, вели Љубчо.

Покрај неговите многубројни настапи на Лешочкиот фестивал, Љубчо пред неговото заминување во Загреб, настапил и на Валандовскиот фестивал.

– 2014-та година, пред да заминам во Загреб освоив награда за најдобар дебитант на фестивалот Валандово, со песната Запри време. Во овие година и пол колку што сум и отсутен од тука, човек кога заминува од родниот крај го чекаат малку повеќе обврски, но се трудам. Ја пеам македонската песна, ја негувам максимално колку што можам и ќе продолжам со тоа и понатака, додава Љубчо.

Scroll to Top