Маја Оџаклиевска стана баба, ќерката Андреа објави прва фотка од бебето

Ќерката на пејачката Маја Оџаклиевска, Андреа, стана мајка. Таа објави слика на фејсбук и откри дека родила син.

„Наше мало момче, нашиот борец“, напиша таа.

Андреа е помалата ќерка на популарната пејачка. Таа се омажи во мај за своето долгогодишно момче Милош Живковиќ, брат на српската манекенка Дејана Живковиќ. На свадбата што се одржа во познат белградски ресторан покрај вода пееше и Маја.

Ова е втор внук на Оџаклиевска. Маја од постарата ќерка Теа го има внукот Лука, момче со аутизам за кого се грижи сама. Маја не ја крие болеста на внукот и често јавно зборува за тоа како се справува со предизвиците со кои се соочува.

(Галерија) Маја Оџаклиевска ја омажи помалата ќерка и запеа на свадбата

Scroll to Top