Мајстор за тетоважи од Скопје ја оживеа Марилин Монро преку лист хартија!

Мајсторот за тетоважи ги изненади своите пријатели на Фејсбук со фотографија од Мерилин Монро која сам ја нацртал.

Згодното момче кое во изминатите години буквално жареше и палеше на сите важни настани во Скопје, а го видовме и во голем број регионални видеозаписи, Мате Јосифоски изненади со својот неверојатен талент за цртање.

Како што можете да погледнете од фотографијата, станува збор за уметност на најобичен лист хартија, а Мерилин изгледа како да е жива. Фотографијата ја нацртал во 2016-та година, денеска тој е мајстор за тетоважи.

Дарбата за цртање Мате ја поседувал уште од мали нозе, но одлучил повеќе да се фокусира на музиката, па се запишал на средното музичко училиште во Скопје. Нешто подоцна, заедно со Денис Екс на реномираниот фестивал „Макфест“ ја изведе песната „Плејбој“ која за кратко време го достигна врвот на сите топ листи во Македонија.

Scroll to Top