Македонец пак освојува на „Ѕвездите на Гранд“

Македонскиот преставник Мартинијан Кириловски својот настап го почна со пијано верзија на хитот „Не даш ми мира“ од Жељко Јоксимовиќ, а потоа продолжи на македонски со „Во коси да ти спијам“ на нашиот легендарен пејач Тоше Проески.

Публиката му довикуваше дека е фантастичен, а жирито му даде зелено светло за да продолжи во третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“.

– Ниедна забелешка немам ниту за првата, ниту за втората песна. Отпеа перфектно, беше коментарот на Аца Лукас за неговиот настап.

Во продолжение погледнете ја 22. емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапот на маестралниот Мартинијан Кириловски е на 28. минута.

Scroll to Top