Македонка е најубава жена на Медитеранот

18-годишната Андријана Илиоска од Скопје ја освои титулата Мис на Медитеранот 2018, на изборот што се одржа викендов во Киренија, Кипар. Андријана се натпреваруваше со девојки од речиси сите држави од Медитеранот. Таа имаше ист број поени од жири комисијата со претставничката на Италија, па првпат на овој избор две девојки добија лента и круна за победа.

Изборот се одржува од 2004 година, а овој пат се случуваше во Бејрут, Либан. Лиценцата за Македонија ја има „Модно студио Црнокрак“.

„Ова е петти пат членка на нашето модно студио да победи на изборот“, ни рече Мики Црнокрак.

На првиот избор што се одржа пред 15 години во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати победи Маја Лазаровска, а и последниве четири години по ред победуваат Симона Станковска (2015 год) , Теодора Миљковиц (2016 год), Евгенија Ризова (2017 год) и оваа година Андријана Илиоска.

Scroll to Top