Македонските спортски амбасадорки, Илина и Ева Соколовски, сезоната на натпревари во ритмичка гимнастика ја завршија со уште по едно злато. Двете сестри на натпреварите минатата недела го освоија првото место на републичкиот натпревар во Германија во своите категории, па сега доаѓаат на одмор во Скопје, во родниот крај на нивните родители.
Илина победи на последниот летен натпревар што се одржа во градот Минтер и беше подобра од другите 20 натпреварувачки, колку што учествуваа во групата до 12 години. Таа има 11 години, но заради талентот и знаењето цела година се натпреварува со поголемата група.
Ева има 9 години и таа во нејзината група исто така го освои златото. Таа годинава имаше шест натпревари во Германија и на сите шест го освои првото место.