Македонски уметници продаваат свои слики и парите ги донираат за лекување на ќерката на Јулија која боледува од рак

Познатата пејачка Јулија неодамна откри дека ќерка ѝ Андријана се бори со рак. Шест месеци откако почна да се лекува, Андријана ја прими последната, осма хемотерапија, и си замина од Клиниката за онкологија. Во исто време на Фејсбук почна да функционира група та „Уметници за Андријана Мациев, каде бројни академски сликари и ликовни уметници ги продаваат своите дела, а средствата од продажбата ги донираат за понатамошно лекување на Андријана, која е сликарка.

На Андријана пред шест месеци ѝ бил дијагностцициран рак на дојката, кој метастазирал на коските и на црниот дроб, заради што таа се соочувала со неиздржливи болки. По хемотерапиите и зрачењето, сега ѝ следуваат нови испитувања и терапии, кои се скапи. Затоа уметниците и пријатели на Андријана ги продаваат своите дела по прифатливи цени и собираат средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.

„Од инвалидска количка кога влегов на Онкологија, денес излегов на нозе“, ќерката на Јулија за борбата со ракот

 

Scroll to Top