Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски доби син, кој ќе се вика Петар. Ова е второ дете на пејачот и неговата сопруга Наташа, кои лани во јули ја добија ќерката Вероника. Веста за раѓањето на синот Маријан ја соопшти преку Фејсбук.
„Добре дојде синко Петар“, напиша тој и доби бројни честитки од пријателите.
Маријан Стојаноски, кој сега работи во МОБ како оперски пејач, лани се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска, во време на корона. Тие летово направија црковна венчавка и свадба во Крушево и тогаш открија дека чекаат второ бебе.
(Галерија) Романтична венчавка во време на корона: Маријан Стојаноски се ожени со Наташа