Моторџијата Заев бил одличен ученик  

Премиерот Зоран Заев  открива за своите школски денови, за тоа каков студент бил на Економскиот факултет, но зборува и за својата пасија, возењето мотор дури и на планина. Во интервју за Факултети.мк тој вели дека секогаш е на страната на учениците и студентите затоа што тој секогаш имал поддршка од родителите.

„Имав поддршка од родителите и тогаш како што ја имам и сега. Но, јас сакав да учам. Ама сакав и да другарувам, сакав и слободно време за работи што ми значат, до денес. На пример, возење мотор. На почетокот гледав, читав за тоа, потоа почнав и да возам, па и по планините“, открива Заев.

За детството вели: „Имав желби како и секое дете, поврзани со нешта или личности што ме правеа среќен. Ми се чини дека индивидуалните постигнувања се директно поврзани со тоа колку ни е силна желбата да дојдеме до тоа што нѐ прави среќни. До денес, повеќе сум посветен на патот отколку на самата цел. Не сум размислувал конкретно за тоа секој да ми го знае името и презимето“.

Заев вели декс бил одличен ученик. Му одела математика, а и професорите му велеле дека му лежат природните науки.

„Одев и на натпревари по математика и по физика, завршниот испит за матурата ми беше математика. Но, сите предмети ги учев, немав некој предмет што не ми оди или кон кој имав одбивност“, раскажал Заев.

Неговото семејство работело земјоделство, а потоа отвориле фирма.

Со ќерката Александра

„Да имаш фирма значеше и други вработени и давање плати. Mе заинтересира начинот како може да се постигне успех, сите да се задоволни. Веројатно тоа бил мотивот, затоа што навистина Економскиот факултет го студирав со желба да научам, а не со мисла ‘што ќе станам’“, открива премиерот.

Љубовно танго со сопругата Зорица

Кога студирал, живеел во Скопје со тројца цимери во населбата Капиштец, на улицата „Иво Лола Рибар“. Вели дека тоа било незаборавно време. Открива дека имал другари од раното детство со кои се дружи и денес, за кои вели дека многу му значат. „Ама имам и многу другарства што ги стекнав низ животот, кои исто така се вредни“.

Scroll to Top