Нов видео-проект на „Мерак тајфа“

Кавадаречката група „Мерак тајфа“ сними нов видео-проект во соработка со „ИН продукција“. Проектот е со препеани македонски песни, дел од нив подзаборавени, а целта е да бидат зачувани и да ги пеат новите генерации.

„Песните се од нашиот тиквешки крај. Снимивме и една убава песна од Охрид, староградска. Одлучивме овој материјал да го направиме во видео форма, бидејќи е доста актуелно сега. Мислам дека со тие песни и нашите слушатели ќе бидат задоволни, оти нè препознаваат по специфичниот тиквешки стил на пеење“,  вели Ранко Ѓорѓевиќ, член на „Мерак тајфа“.

Тие ги следат и помодерните музички правци, но се држат до она што е најбарано од публиката.

„Изборот на песните го правевме заедно. Сега решивме да правиме неколку тиквешки песни. Снимивме и една струмичка, од Гоце Арнаудов ‘Мој граде’. Мислам дека направивме добар избор“, додава Живко Динев.

 

Scroll to Top