Од Австралија на кафеанска дружба со колегите

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска се врати во Македонија и по скоро четири години се сретна со своите долгогодишни пријатели, пејачите Росана Сариќ Тодоровска и Горан Тодоровски, и новинарката Весна Миленковска. Насмеани и весели, тие се дружеа во една од скопските кафеани. Разговараа за музиката, а со емоции се присетија и на заедничкото минато и честите дружби што ги имаа пред Татјана да се пресели во Австралија.

Татјана на социјалните мрежи објави неколку заеднички слики од дружбата, но и фотографија со композиторот Дамир Имери кого случано го сретнаа во истата кафеана.

Пејачите што се дружеа во минатото се пријатели и денес, и покрај тоа што Татјана со семејството веќе четири години живее во Австралија. Таа ќе остане во Македонија три месеци.

Scroll to Top