Огнен Здравковски испеа песна од Тоше во „Ѕвездите на Гранд“

Младиот талентиран пејач Огнен Здравковски со својата маестрална изведба на големиот хит „Тајно моја“ од Тоше Проески предизвика овации во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, а жирито едногласно одлучи да се пласира во вториот круг.

На големата сцена Здравковски ја отпеа и „Звао сам је Емили“ од Здравко Чолиќ и покажа дека одлично умее да ги владее и најголемите хитовите во регионот.

Вториот круг започнува многу бргу, а јавноста со нетрпение очекува повторно да го види Огнен Здравковски на сцената.

Scroll to Top