Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“ на 14 јануари – првиот е распродаден

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, најавена е втората изведба!

Втората претстава е закажана на 14 јануари 2025 година, нудејќи нова можност за сите кои не успеаја да го обезбедат своето место за ова долгоочекувано сценско доживување.

Само неколку дена по објавувањето на овој настан, билетите за претставата на 30 декември беа распродадени. Тоа ја потврдува желбата на публиката за нови, иновативни сценски проекти кои ги редефинираат границите на уметноста. „Еуфорија“ успеа да предизвика возбуда уште пред првата завеса да се крене, покажувајќи дека културата и автентичниот уметнички израз се во фокусот на интересот на домашната публика.

Несекојдневен спектакл што ги комбинира танцот, музиката и театарот во едно неверојатно уметничко дело. Со грандиозна продукција, смели кореографии и извонредни изведби, ова кабаре го носи духот на модерната сценска уметност директно на македонската сцена.

Да потсетиме, овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчери, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со преку 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти. Првиот дел – класичното кабаре кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови, претворајќи ја сцената во еуфорична забава.

Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации, затоа подгответе се за вечер која ќе ве остави без здив!!

Scroll to Top