Печеното прасе на отец Пимен ги налути „Анима мунди“

Отец Пимен споделил фотографија на својот фејсбук-профил од печено прасе поставено на софра. Над фотографијата стои повик до здружението: „Е, па, ‘Анима’, ние се најадовме. Туку со кучињава шо праиме? Кинези да викаме?!?“

На ова реагираа од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Од таму велат му порачуваат на отецот да се осврне на христијанската етика, духовност и сочувствителност и да си погледне во својата совест.

„Кој ќе ги слуша вашите филозофирања за Бог, правда, сочувство додека се потсмевате над телото на масакрирано животно. Гледате ли подалеку од сопствениот стомак. Се најадовте ли добро отец Пимен?“, велат од Здружението.

Scroll to Top