Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Антиќ на изборното собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.
Во својата богата играчка кариера 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.
Покрај многуте трофеи од националните првенства, Антиќ има и три титули европски шампион. Беше член на македонската репрезентација која на ЕП 2011 во Литванија го освои 4. место.Перо Антиќ е деветтиот претседател на МКФ.