Петар Грашо ја омажи ракометарката на Вардар, Пенезиќ

Ркометарката на „Вардар“, Андреа Пенезиќ (32) се омажи со својот долгогодишен дечко Матија Кобетиќ (33),поранешен голман на фудбалскиот клуб „Вардар“. Свадбена веселба била во Загреб а на неа биле голем број поранешни нејзини соиграчи, како Тамара Мавсар, Андреа Чанаџија, Сираба Дембеле, Барбара Лазовиќ и многу други. На свадбата пеел популарниот хрватски пејач Петар Грашо, кој направил вистинска забва за младенците.

Невестата носела секси венчаница, со голем отвор на градите, изработена од татела и свила. Младоженецот пак се реши за црно-бела комбинација. Андреа Пенезиќ иако најавуваше крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона поради тоа што сака да се посвети на формирање семејство, сепак таа ја смани својата одлука.

Во новата сезона таа ќе игра за унгарскиот тим „Шиофок“, клуб со кој потпиша едногодишен договор.

Scroll to Top