Петар Грашо падна на шармот на докторката Цули Софијанова

Случајна средба на хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо и докторката Аспасија Софијанова му дојде како вистинско  освежување за празникот. Шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје, ја објави заедничката фотографија со Грашо на социјалните мрежи.

“Среќен ден на сите со Петар Грашо“, вели докторката Цули Софјанова.

По ова следеа куп коментари на нејзините пријатели, кој велат: Подобра фотка не можеше да излезе за Денот на жената.

Петар Грашо деновиве беше во Македонија. Тој имаше настап во Маврово, а потоа замина да пее во Крива Паланка.   (А.Г) 

Scroll to Top