По разводот со косовскиот пејач Бериша, Туна Сејдиу на одмор со синовите

Поп-пејачката Туна Сејдиу е на летување во Бодрум, каде замина со синовите Тиан и Зен. Дека се забавува во Турција пејачката сподели неколку фотографии.

„Состанок со мојата љубов“, напиша таа на една од фотките на која е со синот Тиан.

Пејачката го привлече внимание и со изгледот. Па освен што е во топ форма, во очи паѓа нејзината тетоважа напишана со арапски букви.

Туна лани се разведе со косовскиот пејач Патрис Бериша, со кого беше скоро пет години брак. Претходно таа беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но и тој брак траеше кратко.

 

Scroll to Top