Тв-водителката Хелена Роза по три години поминати во Нов Зеленд, си дојде во Скопје. Таа дојде со синот Тијан, кој има еден и пол месец, и 18-годишната ќерка Кјара. На скопскиот аеродром ја пречекаа мајка ѝ Роза и нејзината сестра, поп-пејачката Ребека, а тука беше и кумот на Хелена, новинарот Зоран Василевски. Хелена во Скопје ќе остане околу еден месец. Таа пред три години се пресели во Нов Зеланд со сопругот Игор.
По три години во Нов Зеланд, Хелена си дојде во Скопје
