Денеска на 70 години, по долга и тешка болест, почина актерот Гоце Влахов. Роден е на 12 мај 1949 година во Скопје. Веста за неговата смрт а соопштија неговата сопруга и ќерката и објавија дека погребот на глумецот ќе се изврши на 30 јули (вторник) во 11 часот на гробиштата во Бутел.
Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје и оствари бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. Првата улога на сцената на МНТ ја оствари во претставата „Крал Лир“. Глумеше во претставите „Макавејските празници“, „Свирач на покрив“, „Среќна нова 1949“, „Дон Кихот“, „Болва в уво“ и многу други, до последната „Троил и Кресида“ во 2010 година.
Македонскиот глумец, кој во својата богата кариера глумеше во дваесетина филмови и серии, публиката најмногу го памети по улогите во „Македонски народни приказни“ (од 1986 до 2012), но и во „Трст виа Скопје“, „Во светот на бајклите“ и „Тврдокорни“. Влахов глумеше и во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, а последната улога ја одигра во 2010 година, во филмот „Мајки“, исто така на Манчевски.
Колегите на глумецот се простуваат од него на социјалните мрежи, а Магдалена Ризова – Черних, Маја Андонова Илијевски, Ели Клинчаревска, се само дел од оние што порачаа дека Влахов беше голем глумец.