Поткачи се на гајба девојко: Александра Јанева ја објави навредливата порака која заврши во песна

Александра Јанева пред неколку дена ја објави својата најнова песна со наслов „Глумиме“. Песната настанала откако добила навредлива порака на социјалните мрежи. Пораката била од лажен профил, но тоа дополнително ја испровоцирало Јанева да го напише текстот за песната. Музиката е на Лазар Цветкоски.

 Дента кога ја објави „Глумиме“, таа изјави дека ќе ја покаже и јавно пораката со намера публиката да види со што понекогаш мора да се соочат јавните личности. Јанева оваа порака ја објави на својот профил на Инстаграм.

„Те слушам во интервјуа се правиш пејачка јака, ау… пееш на плочки у мрак. Бар стави некоја гајба поткачи се девојко“ – вака гласи пораката која познатата пејачка ја добила и со тоа ја инспирала за новата песна.


Scroll to Top