Легендарниот фолк-пејач Гоце Арнаудов, еден од најпознатите музички имиња во Македонија, умре на 6. декември 2011 година на 52-годишна возраст. Тој почина во една француска клиника, каде што се лекуваше од рак на белите дробови, а беше беше погребан во Струмица.
Иако беше болен, често настапуваше, велејќи дека не сака ни да мисли на болеста. А зад себе ги остави најпознатите песни: „Што ќе остане од Македонија“, „Проклети да се предавниците“, „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“ итн.
Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Тој уште како дете, од десетгодишна возраст, почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование, ја формирал групата Крик, со која имал турнеи низ цела поранешна Југославија. Во 1993, се вратил во Македонија учествувал на сите музички фестивали каде ги освоил првите места.
Во 1994, на „Фолк фест – Валандово“ со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, песната која е една од неговите најголемите македонски фолк хитови. На тој фестивал, низ годините освои вкупно 22 награди, најчесто наградите на публиката и телевизискиот аудиториум.
На манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ја доби награда за „Најдобар фолк пејач во 2005 година“, а во 2012 година беше одликуван и постхумно за особени заслуги во афирмацијата и развојот на македонската фолк песна.
Тој зад себе остави 200 песни, учествуваше на стотина фестивали, од кои на преку 60 имашео своено прво место. Пет пати беше прогласен за најпопуларната личност на Македонија. Неколку пати ја доби и наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадевв на фестивалот Гоце Фест. Покрај настапите во Македонија, тој редовно гостуваше и низ цела Европа, Америка и Австралија. Но, учевствуваше и на бројни добротворни концерти.
Во 2000-та година во Струмица, Арнаудов направи концерт на стадионот со 10 илјади публика, по што првите луѓе на градот му ја врачија наградата за пејач на деценијата и за почесен граѓанин. Во истиот град, по неговата смрт, беше подигнат и споменик во неговиот лик.