Познатата хумористична двојка Миле Паника и Тошо Малерот, или Бранко Огњановски и Васко Тодров, денес слават роденден. Дека се во ист ден родени дознавме од тимот на Фчерашни новости, кој со пригодна фтографија, на својата фан страна им го честитаа роденденот.
Освен фотографијата која ја споделија, од таму велат :“ Универзумот бил расположен на 11 јуни, па место една, ни дал две легенди. Среќен роденден и за двајцата„, велат од тимот на Фчерашни.