СДСМ во љубов со ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска беше во друштво на советничката Ирена Мишева од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се сретнаа пред почетокот на седницата во бараките во Општината, каде што освен што срдечно се поздравија, долго време разговараа, но не за политичките проблеми туку тоа наликуваше на пријателски разговор. Ирена Мишева претходно беше претседател на Советот на Град Скопје, во времето кога Коце Трајанов беше градоначалник.

Scroll to Top