Се огласи стилистот Бимбилоски по шегата на Би-би-си за стајлингот на Марија

По лавината коментари кои се појавија како на домашните, така и на светските социјална мрежи за костимот кој што го носеше македонската претставничка на Евровизија, Марија Ивановска, се огласи и креаторот Александар Бимбилоски од Охрид, познат под името на модниот бренд „Румор.

Александар објавата ја заврши со зборовите дека таквите критики не се вредни за неговото време и дека негативноста убива.

За потсетување, покрај повеќето негативни критики од македонската јавност, се појави и една впечатлива објава на социјалната мрежа Твитер. Станува збор за коментар од „Би-Би-Си“, кои се помајтапи на сметка на Марија.

-Не е наопаку облечено мамо, тоа е модата која ти не ја разбираш, гласи објавата.

Откако Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија, очекувано како лавина следеа коментарите на домашно ниво од типот на тоа дали била добра песната, претставниците, како се покажал домашниот организатор и сл.

Scroll to Top