Шефот на дипломатијата на ананас-диета

Министерот за надворешни работи, покрај политички статуси на својот фејсбук-профил, знае да изненади и со смешни изјави. Така тој на својот фејсбук-профил напиша дека е на диета.

„Од денес сум на ананас-диета. Не јадам … ананас“, расположен е за хумор шефот на дипломатијата. По ова, следуваа низа коментари за тоа што е најдобро за диетата на министерот, а еден од најинтересните е на новинарот Борјан Јовановски, кој му вели : Ти, брат, на стек-диета да се стаиш. ‘Анима мунди’ ќе ти реагира колку месо лапаш“.

Министерот Димитров неодамна објави фотографија како го разубавуваат пред гостувањето на националната телевизија на Латвија.

 

Scroll to Top