Сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошески, објави фотографија од искинати знамиња кои се веат на булеварот пред Порта Македонија. Револтиран од глетката, тој напиша: „Еве како изгледаат македонските знамиња пред Порта Македонија. Сигурен сум дека се туристичка атракција!?!?! Вадете го ова… ама одма!“
Потоа, во својот препознатлив стил им порача на македонските пратеници: „Уште едно прашање до пратениците кои ги гледаат секој је*ен ден: како ова не ви боде очи?“
Коментарите под фотографијата се многубројни, а неговите пријатели се прашуваат дали некој воопшто ги забележал искинатите знамиња, или немаат време бидејќи се подготвуваат за есенските избори.