Со торта на три ката и секси син фустан Мартија Станојковиќ прослави полнолетство

Пејачката Мартија Станојковиќ го прослави својот 18. роденден со впечатлив аутфит и торта на три ката.

Меѓу присутните беа и Антониа Гиговска и Иван Јованов од Либеро бенд, кои направија вистински џумбуш по повод полнолетство на Мартија. Тие цела вечер ја поминаа со микрофонот во рака, пеејќи ѝ ги некои од омилените песни.

Мартија носеше тесен секси син фустан со ролка што го надополни со сребрен накит и светкави чевли. Нејзината бела торта на три ката, пак, беше декорирана со сини детали.

За потсетување, Мартија го освои второто место на регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвездички“, а во 2016 година ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Scroll to Top