„Сонувајте мирисни полиња, сонувајте сончеви утра, сонувајте мирно езеро, сонувајте и патувајте…“ напиша Драган Спасов Дац

Актерот Драган Спасов Дац се огласи на социјалните мрежи по трагедијата што се случи во Кочани, кога на 16 март, во пожар во дискотеката „Пулс“, 59 луѓе го загубија својот живот.

„Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен. Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата. Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија. Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда“, напиша актерот Драган Спасов Дац.

„Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти. Сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритмот на небесната музика. Сонувајте ги ѕвездите, тие ќе сјаат само за вас. Безброј ѕвезди кои ќе ви го осветлуваат патот. Сонувајте и патувајте…“, додаде Дац.

Денеска беа погребани починатите.

Scroll to Top